Во Берлин во кутии со банани откриени 300 килограми кокаин

Берлинската полиција пронајде повеќе од 300 килограми кокаин во кутии со банани во еден дисконт. Не е познато како стигнал кокаинот во кутиите со банани и од каде потекнува. Германските власти соопштуваат дека тоа е најголемата заплена на дрога во Берлин.

Кутиите со банани биле дистрибуирани до 14 различни продавници, а полицијата била известена за пронајдена дрога од страна на еден вработен во продавница кој отворил пакет со банани.

Кокаинот бил скриен помеѓу бананите, а неговата вредност се проценува на околу 15 милиони евра.