„Охридска вечер“ во Сараево

Во рамките на посетата на делегацијата на општина Охрид на збратимената општина Стар Град во Сараево, се одржа и туристичко промотивната манифестација „ Охридска вечер“ . Вакви манифестации, како нов начин на промоција на Охрид , досега се одржаа во неколку градови во Европа и Азија.

 На промоцијата, на која присуствуваа претставници на туристички агенции и туроператори од Босна и Херцеговина ,се разговараше и за начините за зголемување на бројот на туристите од оваа држава кои би доаѓале во Охрид и Македонија.

Вршителот на должност, амбасадор на Република Македонија во Босна и Херцеговина, Драган Богданоски ги запозна гостите со субвенциите кои македонската влада ги дава за гостите од Босна и Херцеговина преку Агенцијата за подршка на туризмот како и со потребата за востановување директни авионски чартер летови од аеродромите Сараево и Мостар кон Охрид и Скопје.

Ohridska_vecer_Saraevo_4852