Општина Дебрца започна со расчистување на полски патишта

Согласно годишната програма за изградба и одржување на патиштата, општина Дебрца започна со тековно одржување, чистење и тампонирање на полски патишта. Првично деновиве се пристапи кон расчистување и тампонирање на полскиот пат во село Мешеишта кај местото викано „Редеш” каде од обилните врнежи беше направена штета, со што беше оневозможен пристапот до обработливите земјоделски површини.

Oд страна на ЈКП „Дебрца”, оштетениот полски пат беше пополнет со цврст материјал-шлунак, тампониран и израмнет, со што полскиот пат повторно беше ставен во функција, информираат од општина Дебрца.