Пролетта е период кога зелените површини блескаат во полн сјај, а климатските услови се најповолни за зелената вегетација и сезонските цвеќа. Така и зелените површини во градот ја имаат онаа карактеристична зелена боја на пролетта, прошарани со декоративни грмушки во разни нијанси, расцветани дрвја и сезонски цвеќа во најразличен колорит.
Посебно во овој период пленат со убавина јапонските цреши кои се засадени на градскиот плоштад, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Екипите на „Паркови и зеленило“ се ангажирани во тековно одржување: се косат тревните површини во градскиот парк и другите јавни површини, а заради неочекуваните високи температури и системите за наводнување се користат со зголемен интензитет.