ОУ „Григор Прличев“ –Охрид, како и подрачното училиште во Нас. Рача беше посетено од „Библиотеката на тркала“, дел од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ во рамки на Компонентата „Вклучување на семејството и заедницата“. „Библиотеката на тркала“ претставува специјално пренаменето возило, опремено со специјални дидактички материјали, опремено со книги и дидактички материјали за читање и математика со кое се посетуваат училиштата од сите региони на државата.
„Во нашето училиште библиотеката ја посетија учениците и наставниците од I, II, III, и IV одд, како и дел од родителите. Имаа можност да се запознаат со книгите, да гледаат дигитални сликовници кои се соодветни за нивната возраст, да се дружат и да го запознаат ваквиот начин на промовирање на читањето.
Поттикнувањето на читањето кај учениците преку ваквите проекти е една од суштинските потреби во процесот на описменувањето. На забавен начин, преку игра, во поинаков контекст од класичната училница, во опуштена атмосфера, учениците уживаа во „Библиотеката на тркала“.“ – велат од ОУ „Григор Прличев.
Оттаму упатуваат благодарност до тимот на УСАИД кој ја водеше и спроведе активноста“.