Покрај другите училишта во општина Охрид и ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Денот на Европа.
Училиштето ја претставуваше Хрватска, а вредните ученици покрај материјалите кои ги изработија се претставија со закуска во која можеа да уживаат посетителите.
„Во прекрасна атмосфера и добра организација покрај настапот на нашите хористи и дел од оркестарот, учениците кои беа на штандот со насмевки го споделуваа наученото за оваа држава.“– велат од училиштето.