Протест во Охрид против полициската бруталност

Неколку стотици граѓани во Охрид мирно протестираа против полициската бруталност, како и го изразија својот револт за убиството на Мартин Нешкоски. Протестот започна пред споменикот на Св. Кирил и Методиј, а собирот беше организиран преку социјалните мрежи.

Демонстрантите носеа различни пароли, а протестот беше под надзор од страна на полицијата.

Поради безбедност, СВР Охрид со барикади го имаше затворено булеварот „Македонски просветители“, на пресекот со улицата „Дејан Војвода“.

Освен во Охрид вакви собири се организираа и во Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци и Куманово.

WebOhrid