Од УХМР најавуваат дека утре, понеделник ќе имаме повремен дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе придонесе за опаѓање на дневните температури.
Во Охрид ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер.
Утринската температура ќе биде 8 степени, а дневната ќе достигне до 16-от степен целзиусов.
Од вторник во Македонија се очекува стабилно и суво време со пораст на дневната температура.