Општина Дебрца започна со градежни активности на терен тампонирање на улица во село Мешеишта во должина од 400 метри со 4 метри ширина, која беше оштетена и непристапна за движење на жителите од с.Мешеишта.
Со тампонирањето улицата е повторно ставена во функција, а воедно подобрена е патната инфраструктура.