Од ЈОУДГ„Јасна Ристеска“- Охрид информираат дека на 16-ти мај (сабота) со почеток во 12:00 часот на Малиот Плоштад кај старата библиотека ќе се реализира манифестација во рамките на проектот „Почит кон различностите и мултикултурализмот“.
Проектот е во соработка со МТСП, УНИЦЕФ, Британска Амбасада, Центар за човекови права, Локалната Самоуправа и градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески.
На манифестацијата ќе бидат присутни, како и ќе се обратат пред присутните, претставници од сите горе спомнати институции.
На манифестацијата ќе учествуваат дечињата од објектот „Росица“ со повеќе активности.