Премиерот Никола Груевски вечерва до Собранието достави предлог за избор на двајца нови членови на Владата.
Се предлагаат нови министри во министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски
За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Чавков е актуелен директор во Бирото за јавна безбедност, а Мисајловски е директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
Од доставените биографии може да се увиди дека и двајцата се стручни и професионални лица кои извршувале одговорни раководни позиции.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски седницата за избор на новите членови на Владата ја закажа за утре во 13 часот.
Извор: МИА