Виц

Еден затвореник побегнал после 15 години поминати во затвор и провалил во некоја куќа барајќи пари и оружје. Затекнал млад брачен пар во кревет. Му наредил на момчето да стане од кревет и го врзал за стол. Додека ја врзувал девојката за креветот, се качил врз неа, се наведнал кај вратот од девојката и и кажал нешто на уво, а потоа станал и отишол во WC. Додека бил таму, момчето и рекло на девојката:

– Слушај, овој тип е опасен, само што побегнал од затвор! Најверојатно поминал многу време во затвор, па не видел жена со години. Видов како те бакна на вратот. Ако сака секс, немој да се противиш, дај му, не жали се, прави се што ќе ти рече. Задоволи го, без оглед колку ти е тоа одвратно. Тој е многу опасен, ако го разлутиме може да не убие. Биди јака мила, те сакам!

А таа му одговорила:

– А не, тој не ме бакна на вратот, туку ми шепна на уво. Рече дека е геј, мисли дека си сладок, а ме праша дали имаме вазелин, па му кажав дека имаме во WC-то. Биди јак миличок, и јас тебе те сакам!!!