Ученици од четврто и петто одделение од Основното училиште „Живко Чинго“ од селото Велгошти, денеска во рамките на нивните наставни програми, ја посетија општина Охрид.
Тие имаа средба со заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев и дел од администрација , при што се инетересираа за работата и надлежностите на локалната самоуправа.