Баритонот Борис Трајанов го одржа својот јубилеен концерт „На Македонија со љубов“

На концертот, на кој присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, беа изведени едни од нашите најубави традиционални љубовни и патриотски македонски народни песни. Гости на концертот беа мецосопранот од Србија Јелена Влаховиќ и нашите првенци, сопранот Весна Гиновска-Илкова и тенорот Ѓорѓи Цуцковски. Специјално за овој концерт беа подготвени нови аранжмани на песните чии автори се Тодор Трајчевски, Дарко Мариновски и Сони Петровски. Балетски солисти беа Ивана Коцевска и Дојчин Дочев од Бугарија, концерт-мајстор Верица Ламбевска, режисер Дејан Прошев, а диригент беше гостинот од Србија Ѓорѓе Павловиќ. Автор на сценариото за концертот беше драматургот Братислав Димитров, а наратор актерот Владо Јовановски.

Boris_Trajanov_10_A

Трајанов во 2008 година стана дел од Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што ја формираше и Катедрата за соло-пеење. Тој е добитник на повеќе домашни и интернационални награди, а настапувал на голем број популарни сцени во светот, на 700 претстави во над 80 оперски куќи во светот. Во својата 30-годишна кариера се стекнал со признанието „Уметник на мирот“, доделено од УНЕСКО и ја добил наградата „Оперски Оскар“ за најдобар машки оперски уметник во Грац.

Boris_Trajanov_8_A