ПОПГМ се придружи на Коалицијата „Граѓаните за Македонија“

Главниот одбор на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) на седницата одржана на 12-ти мај ја верификува одлуката на Извршниот одбор, Партијата формално, да се придружи и на рамноправна основа да отпочне усогласено политичко делување со другите политички партии во коалицијата „ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“, со цел разрешување на државно-политичката и институционална криза во Република Македонија.