Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2015 година изнесува 36 160, а бројот на ноќевањата изнесува 75 150.
Бројот на туристите во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 0.4%, а бројот на ноќевањата е намален за 4.5%.
Бројот на домашните туристи во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 13.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 8.0%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 13.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1.8%.
Во периодот јануари- март 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4.6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 8.4%, а кај странските има зголемување за 14.0%.
Во периодот јануари-март 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 0.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 12.4%, а кај странските има зголемување за 9.6%.