Стабилно и топло време со слаб до умерен јужен ветер не очекува во наредните два дена.
Во сабота кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотраен дожд, а во недела, особено попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во понеделник и вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.