Бензинот поевтинува за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,66%, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 04.05.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 04.05.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,705 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 04.05.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,934 ден/кг.