На 16-ти мај, на празникот на светите маченици Тимотеј и Мавра, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Г. Манастирец, Македонски Брод, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопресвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештеникот Никола Христоски, еромонахот Ефросиниј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
По завршувањето на Литургијата, беше осветен новиот конак во манастирот. Митрополитот му честита на монахот Бенедикт за неговиот труд во возобновувањето на ова наше светилиште и му посака и понатамошни успеси за афирмација на манастирот и на Македонската православна црква, а неговите заложби да бидат за спасение на неговата душа.