Света литургија за празникот Преподобен Прохор Пчински и Пренос на моштите на Св.Јован Рилски

Утре 1ви ноемрви (среда), во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“, Плаошник – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преподобен Прохор Пчински и Пренос на моштите на Св.Јован Рилски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ на Плаошник – Охрид (едноцрквие). Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.

повеќе...

Ќе се служи света литургија за празникот Собор на сите македонски светители

Денес во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на сите македонски светители“. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА. Богослужба ќе има само во црквата „Св.Софија“ – Охрид (едноцрквие).

повеќе...

Верниците се упатуваат кон пештерната црква „Св.Стефан“

По повод празникот „Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан“ и манастирската слава на манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, вечерва во манастирската црква „Свети Стефан“, се служеше празнична вечерна богослужба. На богослужбата присуствуваа голем број верници од Охрид, околните места и туристи, кои палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Утре во истоимената црква ќе се служи света литургија, со почеток во 8:30 часот. Инаку, Манастирот се наоѓа лево од патот што води од Охрид кон Свети Наум, во истоимената населба. Сместен е…

повеќе...

Вечерна богослужба и света литургија за празникот Свети Стефан

По повод празникот „Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, вечерва во манастирската црква „Свети Стефан“, со почеток во 19 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба. Утре во истоимената црква ќе се служи света литургија, со почеток во 8:30 часот. По тој повод манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. WebOhrid

повеќе...

Вечерна богослужба и света литургија за празникот Св.бесребреници Козма и Дамјан

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14. Јули 2017 година (петок), во манастирот „Св. Козма и Дамјан село Опеница – Охрид, ќе се служи вечерна богослужба и света литургија, по повод празникот „Св. бесребреници Козма и Дамјан. Вечерна богослужба ќе биде со почеток во 19:00 часот, а Литургија во 08:30 часот. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Празникот Св.Недела ќе се одбележи во црквата посветена на оваа маченичка во Коњско

По повод празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела, на 19ти јули (среда), во црквата Св.Недела, Долно Коњско, Охрид Црковниот одбор од с.Коњско организира прослава збогатена со музика. Овој пат присутните ќе ги забавува фолк пејачот Спасен Силјаноски. Забавата е со почеток во 21 часот. На 20ти јули (четврток) во црквата Света Недела ќе се служи света литургија, со почеток во 07:30 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски. Се повикуваат сите верници од Коњско, Охрид и околните места, па и пошироко на заедничко прославување на овој празник.…

повеќе...

Отслужена утрена со канон и литургија за опасност од земјотрес во црквата Св.Никола

По повод серијата земјотреси кои го зафатија охридскиот регион, денес во црквата Св. Никола, Долна Влашка Маала беше отслужена утрена со канон и литургија за опасност од земјотрес. „Бог нека е милостив и нека ни ги услиши молитвите.“– велат од црквата.

повеќе...

Утре во црквата Св.Никола ќе се служи света божествена литургија против земјотресение

По повод серијата земјотреси кои го зафатија охридскиот регион, утре, 9ти јули (недела), во црквата Св. Никола, Долна Влашка Маала ќе се отслужи Света Божествена Литургија против земјотресение. „Повелете заеднички да се помолиме на Бога да се смират потресите. Литургијата ќе започне со почеток во 7:30 утрена богослужба и во  8:30 часот Литургија.“ – повикуваат од црквата.

повеќе...

Свети литургии по повод празникот Св.Наум Охридски

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2 јули 2017 година (недела), во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, со почеток 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св.Наум Охридски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. 3 јули 2017 година (понеделник), со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на…

повеќе...

Верниците масовно се упатуваат кон манастирот Св.Еразмо Охридски

По повод празникот посветен на Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски вечерва во манастирот Св.Еразмо Охрид се служеше празнична вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Илјадници верници палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Света архиерејска литургија, по повод празникот ќе се служи и утре, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Овој манастир посветен на антиохискиот архиепископ Еразмо, се наоѓа на околу три километри од Охрид,…

повеќе...