Во четврток преосветување на манастирската црква „Свети Спас“ од Горно Лакочереј

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21-ви мај (четврток), во манастирот „Вознесение Христово“ – „Свети Спас“ од село Горно Лакочереј – Охрид, ќе биде преосветена манастирската црква и ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чино-началствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По заврушувањето на светата литургија ќе биде осветен и новоизградениот конак.

По овој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува своите верници што помасовно да го посетат манастирот.