ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе најдат начин да го запрат овој залет на правење штета на Македонија, порача премиерот Никола Груевски пред илјадниците граѓани собрани под мотото: МАКЕДОНИЈА СИЛНА!
Први во тој правец, додаде тој, презедоа чекор Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков, кои иако без докажана вина, покажаа одлука во интерес на државата да се повлечат.
СДСМ и Заев постепено ќе станат изолирани, подвлече Груевски и продолжи:
„Ние имаме план да ја надминеме кризата создадена од СДСМ и ќе го реализираме тоа што го ветивме. Нема да дозволиме на Заев да тоа што со години го градевме во економијата, силниот тренд на инвестиции и градба на фабрики, силниот тренд на нови работни места, да го запре,“ истакна Груевски.
Тој додaде дека планираните работни места во 4 годишниот мандат, како и силниот тренд на раст во извозот ќе продолжи.
„Ќе продолжи и силниот тренд на инвестиции во инфраструктурата, здравство, образование, земјоделие, реформи во многу области. Раѓање на нова перспектива за младите и повозрасните. Нема да дозволиме Заев и таа кукавичка група околу него тоа да го срушат! Нема да дозволиме“, порача Груевски.