Деловни тенденции во преработувачката индустрија, април 2015

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април 2015 година е за 0.1 процентен поен поголем во однос на претходниот месец , а во однос на април 2014 година е зголемен за 3.5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2015, во однос на март 2015 година, е поповолна, залихите на готови производи сe зголемени, а очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни. 

Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на април 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2015 година изнесува 63.0% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25.3%, недостигот на квалификувана работна сила со 25.3%, недоволната домашна побарувачка со 24.0% и финансиските проблеми со 5.8%.