Потпишани уште шест договори за реализација на Програма за инвестирање во животната средина за 2015 година во делот на подобрување на квалитетот на водите

Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно Програмата за инвестирање во животната средина и Конкурсот за распределба на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа животна средина за 2015 година, министерот Нурхан Изаири потпиша договори за заштита и подобрување на квалитетот на водите со градоначалниците на уште четири општини.

Со градоначалникот наопштина Чешиново-Облешево, Костадин Личков, потпишани се два договора и тоа за изработка на „Техничка документација за пречистителна станица на фекална канализација за с. Уларци“ и за “Техничка документација за пречистителна станица на фекална канализација за с. Соколарци“.

Два договора се потпишани и со градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски и тоа за „Изградба на таложник за вода за пиење пред филтер станицата во Пехчево“ и за „Изградба на пречистителна станица за комунални отпадни води во с. Црник, Пехчево“. Потпишани се договори и со градоначалникот на општина Јегуновце, Тони Коцески за „Анекс кон основниот проект за секундарна фекална канлизација за н.м. Шемшево со колектор од н.м. Жилче до р. Вардар“ и со градоначалникот на општина Липково, Садула Дураку за „Изградба на фекална канализација за с. Отља“.

DSC_0289