Република Македонија ги има исполнето сите предвремени услови за членство во НАТО

Павле Трајанов, во својство на член на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, од 15 до 18 мај, во Будимпешта, учествуваше во работата на пролетната сесија на ПС на НАТО.

На првиот ден од сесијата, седници одржаа Комитетот за одбрана, Комитетот за економија и безбедност и Комитетот за наука и технологија, а на вториот ден, седници одржаа и Комитетот за цивилна димензија на одбраната и Политичкиот комитет.

На комитетот за цивилна димензија на одбраната, меѓу другите точки на дневен ред, презентација на тема: Политичките и безбедносните предизивици во Западен Балкан, имаше амбасадорот и професор Иштван Гиармати, претседател на Меѓународниот центар за демократска транзиција. Тој, зборувајќи за секоја од одделните земји на Западен Балкан се осврна и на ситуацијата во Македонија која ја оцени како сложена.

Пратеникот Трајанов, во неговиот коментар во врска со презентацијата, истакна дека политичките прашања се решаваат со дијалог. Исто така, Трајанов го подвлече фактот дека Република Македонија ги има исполнето сите предвидени услови за членство во НАТО, но веќе долго време, поради грчкото противење, скратена и е можноста за полноправно членство во Алијансата, иако е спремна да се најде прифатливо решение за спорот.

Што се однесува до инцидентот во Куманово, Трајанов рече дека тој беше предизивкан од опасна криминална група, која беше неутрализирана и ги повика соседните земји да помогнат да се открие кој ги испратил. Во Македонија, истакна тој, имаме одлични меѓуетнички односи и очекуваме што поскоро да се зачлениме во НАТО и да започнеме преговори со ЕУ.

На Пленарната сесија беа повикани да се обратат претседателите на парламентите на зејмите аспиранти за НАТО членство, меѓу кои и претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

Trajanov-Budimpesta-2_cr