Заменик министерот Ќамили на регионален самит во Тирана

Денес и утре во Тирана, делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од Заменик Министерот г. Земри Ќамили учествува на Балканскиот регионален самит за борба против насилен тероризам, во организација на Министерството за внатрешни работи на Република Албанија.

Во рамки на предвидените панел сесии, Заменик Министерот Ќамили учествува со свое обраќање поврзано со улогата на локалните власти во борбата против насилниот екстремизам, во насока на истакнување на врската која постои меѓу локалните заедници, невладините организации и националните влади во решавање на прашањето на насилниот екстремизам на Балканот.