Во 2001 година, УНЕСКО ја усвои Универзалната декларација за културен диверзитет и во декември 2002 година, Генералното собрание на ОН, во својата резолуција 57/249, го прогласи 21 мај да биде Светски ден на културниот диверзитет, за дијалог и развој.
Овој ден ни дава можност да го продлабочиме нашето разбирање кон вредностите на културната разновидност и да научиме да живееме подобро заедно.
Преку охрабрување на луѓето и организациите од целиот свет да преземат конкретни активности за поддршка на различноста, оваа кампања има цел да се подигне свеста во светот за важноста на меѓукултурниот дијалог. Исто така, да се изгради светска заедница на индивидуи посветени на поддршката на различноста со вистински и секојдневни животни ситуации, за подобрување на разбирањето и соработката меѓу луѓето од различни култури.