Согласно календарот за зголемување на акцизата за цигари, од први јули 2015 година е предвидено поскапување од три денари за кутија цигари, пишува порталот Пресс 24.
Како што нагласува порталот, новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува на стартот од летото доколку производителите не решат тие да ја компензираат.
Се до први јули 2016 година се предвидува цената на цигарите да се зголемува за три денати, по што во наредните седум години тие ќе поскапуваат по четири денари за кутија годишно.
Порталот пресметал дека ваквиот тренд на покачување за осум години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, па така најскапата кутија цигари која денес чини 120 денари, за осум години ќе достигне цена од 154 денари.
Извор: Нет Прес