Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод 23 ти мај, Националниот ден на Власите, упати честитка до Влашката заедница во Охрид, во која упатува искрени честитки, со желби за продолжување на соживотот и развојот на општествената заедница.
„Ви упатувам најискрени честитки по повод 23 Мај- Националниот ден на Власите и Ви посакам многу здравје, среќа, благосотојба и меѓусебно разбирање. Уверен сум дека ќе ја продолжите мисијата на негување на вековната традиција на влашката култура и идентитет, давајќи придонес во градењето соживот во нашата држава. На тој начин, со меѓусебно почитување и соработка, заеднички ќе дадеме придонес во развојот на Република Македонија и нејзиното целосно инкорпорирање во евроатланските интеграции. Низ вековите заедно сме се соочувале со многу предизвици, давајќи секој на свој начин придонес за иднината и успешниот и сеопшт напредок на Охрид и нашата татковина, Република Македонија“ – се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески по повод Денот на Власите во Република Македонија.