Кривична пријава за Здружение за екологија лов и риболов од Збажди поради даночно затајување

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Здружение за екологија лов и риболов „Малесија“ с.Збажди, струшко и против овластеното лице С.Д.(67) исто така од с.Збажди, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.

На 27-ми февруари годинава од страна на Управата за јавни приходи е извршена контрола на персоналниот данок на доход од плати и други основи во периодот од 01.01.2011 до 31.12.2013 година во здружението, при што е утврден неплатен данок на доход во износ 20.870 денари и камата од 4.482 денари. Пријавените неуредно и неточно ги воделе деловните книги и евиденции, не внесувале податоци за остварениот промет, а исто така надоместокот од издадените дневни дозволи за лов како промет не го евидентирале и не го уплаќале на жиро сметка.