ВМРО-НП: Охрид не е град на палмите

ОК на ВМРО-НП Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„ВМРО – Народна партија не се согласува со поставувањето на новите палми во Охрид. Во недостиг на проекти, власта сака да ја замајува јавноста со вакви непромислени потези и постапки.

Охрид не е препознатлив по палми. Ваков сличен експеримент и самите власти видоа дека не успева уште пред две години кога се поставуваа и други палми во градот кои за брзо време самите се уништија. Залудно потрошените пари за палмите ќе останат како една од многуте лоши постапки на власта предводена од ДПМНЕ. Туризмот во Охрид треба да се развива преку неговата автентичност, а палмите не се дел од таа автентичност.

Исто така, од власта треба да одговорат дали со оваа акција, но и со минатите слични акции, се перат парите од граѓаните и некој се богати со нив. Дали некој за ова има голем финансиски бенефит на грбот на граѓаните на Република Македонија.“– се вели во соопштението.