Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2015 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 0.9% и изнесува 5 584 живородени деца.
Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2015 година бележи зголемување од 11.9% во споредба со истото тримесечје од 2014 година и изнесува 5 909 лице, а од нив 55 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува -325 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 5.2 % во споредба со истиот период од 2014 година и изнесува 2 463 бракови.
Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување од 4.3% во споредба со истиот период од 2014 година и нивниот број изнесува 551.