Претприемништвото да се воведе како задолжителен предмет во средните училишта со водедување на пракса и волнтирање во претпремачки компании е една од главните препораки кои произлегоа од завршната конференциа „Креирање Ефективни Можности за Младинско Вработување” која се одржа во Струга од 21 – 24 мај 2015 година. Конферениоата ја реализираше Коалицијата на младински организации СЕГА поддржана ЕРАСМУС+ програмата преку Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог). На конференцијата свои презентации имаа и Урим Касапи од канцеларијата на УНДП во Македонија, Младен Фрчковски од Министерството за труд и социјална политика, како и Дарко Димитров од Националната агенција за Евроспки образовани програми и мобилност. Целта на проектот е преку активно вклучување на младите луѓе и младинските организации со структурен дијалог со релевантните засегнати страни, да се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на мерките за младинско вработување, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ. Останатите препораките кои беа усвоени и ќе бодат доставени до Министерството за труд и социјална политика се:
Востоставување на критериуми за вработување во граѓански организации и нивно активно вклучување во мерките на Агенцијата за вработување.
Креирње и воспоставување на Младинска Гарантна шема во рок од 6 месеци за регистрирани невработени млади и млади кои предвремено го напуштле образованието до 30 години според практиките од ЕУ, вклучувајки пилотирање и план за финансирање.
Доолнување на системот на АВРМ во насока на следење на професионалниот и кариерниорт развој на младите
Учество во креирањето на образовни програми во сфератите кои имаат дефицит на кадри за вработување.
„Овие препораки треба да придонесат да се зголеми вработеноста на младите во приватните компании и да допринесе за равој на претприемништвото во Македонија. Исто така со овие препораки веруваме дека ќе се зголеми активното учество на младите и граѓанските организации во креирањето на јавните политики поврзани со вработување и со младите.“– истакна Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА.
Во рамките на проектот се одржаа 10 локални дебати во Штип, Струмица, Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Скопје, Дебар, Тетово и Кавадарци на кои младите и останатите засегнати страни разговараа за мерките и можностите за подобрување за вработување на младите, ефектот од активните политики на Владата и Агенцијата за вработување на Македонија, и дадоа свои препораки за подобрување на процесот на вработување на младите во периодот по завршувањето на образовните процеси. На средбите кои беа оддржани се дискутираше и за активните мерки и алатки за младинско вработување на ЕУ, како добри практики кои би биле применливи во Македонија.
Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р. Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 28 членки.