На денешната седница Владата на Република Македонија именуваше директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање.
За директор на Бирото за јавна безбедност е именуван Горанче Савевски, досегашен началник на Централните полициски служби.
За директор на Управата за безбедност и контраразузнавање е именуван Љупчо Андоновски, досегашен началник на Одделот за безбедност и контраразузнавање – Скопје.
Горанче Савевски и Љупчо Андоновски имаат завршено високо образование на Факултетот за безбедност.
И двајцата имаат големо професионално работно искуство во Министерството за внатрешни работи.