Српски старлети тврдат дека имале секс афера со Дачиќ, тој најавува тужба

Министерот за надворешни работи и поранешен српски премиер Ивица Дачиќ се најде во центарот на вниманието на српската јавност за наводна секс- афера со две познати старлети кои учествуваат во реалното шоу „Парови“. Дачиќ, за српски „Курир“ вели дека е под негово ниво да коментира такви гадости и порача дека ќе покрене тужба против сите оние што му го споменуваат името во тој контекст.

Станува збор за поранешната членка на групата „Моделсице“, Ружица Величковиќ која во алкохолизирана состојба признала дека таа и Наташа Шавија која исто така се натпреварува во ова шоу, имале секс со Дачиќ и дека за тоа тој платил 300 евра.

Извор: Нет Прес