Вчера во Охрид се одржа шестиот конгрес на полицискиот синдикат за избор на ново раководство. На редовниот 6-ти Конгрес на МПС, 2015 година повторно Тихомир Климоски беше реизбран за Претседател на МПС.
На конгресот присуствуваа бројни членови и делегати на полициските синдикати од соседните земји кои во своите обраќање одадоа почит на неодамна загинатите полициски службеници во Куманово, но и ја потенцираа позитивната работа на македонскиот синдикат во однос на неговата заложба за обезбедување на повисоки плати и услови за работа на полициските службеници.
Претседателот на полицискиот синдикат Тихомир Климоски истакна дека зад себе имаат еден од најплодните и најуспешни периоди во македонскиот полициски синдикат.
Од тој аспект ќе се стреми кон подобрување на делот на објектите кај што работата полициските службеници, опремата која што ја имаат, а особено во делот на набавка и дистрибуција на униформата, додаде Климоски.