Aктивирање на електронската апликација за нарачка на учебници за учебната 2015/16 година

Министерството за образование и наука, информира дека електронската апликација за обезбедување на учебници за основни и средни училишта ќе биде активна од денес (28-ми мај) до 10-ти јуни.

„Ве замолуваме во дадениот рок да ја пополните апликацијата, и печатената верзија од истата со печат и потпис да ја доставите до Педагошката служба (ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје ).“– информираат од МОН.

Ова е линкот: http://ucebnici.mon.gov.mk/