Македонскиот олимписки комитет во соработка со Македонската спортско стрелачка федерација (МССФ) во целост, финансиски го обезбеди учеството на нашите најдобри стрелци Балабан Нина (воздушна пушка 10м) и Ивановска Ана (воздушна пушка 10м) кои ќе бидат предводени од селекторот Стеван Крстевски. На ова СП ќе настапат и Емилија Пејева (воздушна пушка 10м.), а во конкуренција на мажи настап ќе има и Јордан Тасевски (воздушен пиштол 10м,).
СП во спортско стрелаштво се одржува во периодот 27-30 Мај 2015 година, во Минхен, Германија.
Силно веруваме дека нашите стрелци на ова светско првенство ќе имат бистро око и мирна рака и дека ќе постигнат добри резултати кои ќе ги доближат до настап на ОИ Рио 2016.