И ОУ „Христо Узунов” – хорски прваци на Македонија за 2014/2015

По вчерашниот напис за хорските смотри во Кавадарци, за кои информиравме дека прво место добиле учениците од ОУ „Братство -Единство“ Охрид, денес во редакцијата на WebOhrid пристигна известување од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид, при што информираат дека и тие го освоиле односно поделиле првото место.

WebOhrid  исконтактира со директорот на ОУ „Христо Узунов“, м-р Тони Симоновски и ни го потврди писменото известување, при што ни ја даде и следната изјава :

„Под диригентската палка на професорката Вера Булоска нашиот хор го освои првото место во државата. Ова е голем успех за нашето училиште, но секако и достојно претставување на нашиот град Охрид“. – изјави директорот на ОУ „Христо Узунов“, м-р Тони Симоновски.

GE DIGITAL CAMERA GE DIGITAL CAMERA GE DIGITAL CAMERA

WebOhrid