Врз основа на член 79-81 од Законот за градење („Сл.весник на РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13,163/13, 28/14,42/14, 115/14 и 149/14) член 34 од Статутот на општина Охрид и Одлуката за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2015 год. бр. 07- 4189/44 од 30.12.2014 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр. 17/2014) Градоначалникот на Општина Охрид објавува:
О Г Л А С Б Р. 02/2015
ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА
ИЗВОД ОД ПЛАН СО ОБЕЛЕЖАНИ ЛОКАЦИИ
- Општина Охрид издава 6 (шест) локации за поставување на урбана опрема – забава на отворено за комерцијално користење.
- Локациите за поставување на урбаната опрема – забава на отворено се наоѓаат на ул: „1-ви Мај“ која е забранета за сообраќај. Локација бр. 1 започнува од езеро.
- Локација бр. 1 со површина од 50 м2;
- Локација бр. 2 со површина од 50 м2;
- Локација бр. 3 со површина од 100 м2;
- Локација бр. 4 со површина од 100 м2 ;
- Локација бр. 5 со површина од 200 м2;
- Локација бр. 6 со површина од 200 м2;
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2015 година.
- Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) денови.
- Почетна цена за издавање на локација е:
– за сите локации почетна цена за издавање е 250 денари за м2/месечно или
– Локација бр.1 со површина од 50 м2- 12.500.оо денари/месечно или 37.500.оо ден. за
три месеци;
– Локација бр.2 со површина од 50 м2 – 12.500.оо денари/месечно или 37.500.оо ден. за
три месеци;
– Локација бр.3 со површина од 100 м2 – 25.000.оо денари/месечно или 75.000.оо ден. за три месеци;
– Локација бр.4 со површина од 100 м2 – 25.000.оо денари/месечно ил 75.000.оо ден. за
три месеци;
– Локација бр.5 со површина од 200 м2- 50.000.оо денари/месечно или 150.000.оо ден. за три месеци;
– Локација бр.6 со површина од 200 м2-50.000.оо денари/месечно или 150.000.оо ден. за три месеци;
4.1 Почетната цена за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.
4.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.
4.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
4.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7 (седум) денари од м2 дневно.
4.5 Договорите со најповолните понудувачи за точка 2.1, 2.2, 2.3, 2.4, 2.5 и 2.6 ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) денови.
4.6 Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на договорот и добивање на одобрение од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.
5. Доставување на понуди
5.1 Понуди можат да достават физички и правни лица регистрирани за вршење на дејноста наведена во точка 2 од овој оглас.
5.2 Понудувачот треба да достави:
Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на општина Охрид или на веб страната на општината www.ohrid.gov.mk
Уплатница на име депозит за учество на износ од 10.000.оо (десет илјади) денари.
Уплатата се врши на следната сметка:
Трезорска сметка: 1000000063095
Уплатна сметка: 84015206553
Приходна шифра: 723914 Програма 00
Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на РМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение (не постар од 6 месеци);
Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);
Понудите по точките 2.1, 2.2, 2.3, 2.4, 2.5 и 2.6 да бидат со важност од 90 денови.
Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека учесниците кои ќе добијат локација на јавното наддавање ќе биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.
6. Начин на доставување на понуда
Понудата треба да се достави во затворен коверт со назнака:
„НЕ ОТВОРАЈ“
Општина Охрид
Комисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за
издавање на времено користење на локации за поставување
на урбана опрема-забава на отворено бр. 03/2015
Дел: ______________ , Локација бр.__________.
(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува, на пример 2.1, Локација бр. 5)
ул: „Димитар Влахов“ бр.57
6000 Охрид
Пример за адресирање на плик за достава на понуда:
„НЕ ОТВОРАЈ“
„Да не се отвора пред______.2015 год.
15.00 часот.
Оглас бр.03/2015 Општина Охрид
Комисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема бр. 03/2015
Дел: _______, Локација бр.__________
(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува)
ул „Димитар Влахов“ бр. 57
6000 Охрид
Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на општина Охрид.
Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или гинење на истата.
7. Начин на отворање
Понудите да се достават најдоцна до 08.06.2015 во 15.00 часот.
Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди.
За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќе бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на општина Охрид..
За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за локација под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 5.2.
8. Предмет на јавно наддавање
Предмет на јавно наддавање е тримесечната конечна цена;
9. Склучување на договор
Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.
Пред склучувањето на договорот понудувачот е должен во целост да ѓи измири сите трошоци кои произлегуваат од договорот вклучувајќи ја и комуналната такса.
Увид на местоположбата на локациите – графички прилог на web страна на општина Охрид, огласна табла на општина Охрид или секој работен ден од 15.00-16.00 часот во просториите на општина Охрид.