Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, утре понеделник, ќе се обрати на Конференцијата за затварањето на проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на административните капацитети на телата задолжени за областите телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски услуги“.
Настанот ќе се одржи во Агенцијата за електронски комуникации.