Вечерва свечено ќе биде ставено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште во село Подмоље. Случувањето ќе започне во 20:45 часот со завршниот турнир во мал фудбал помеѓу екипите од селата Подмоље и Оровник.
По завршување на фудбалскиот натпревар пред присутните ќе се обрати градоначалникот Никола Бакрачески кој ќе ги додели и пехарите на трите фудбалски екипи кои покажаа најдобри резултати по одиграните фудбалски натпревари на новиот терен.
Повеќенаменското игралиште е составено од три дела. Игралиште за фудбал со димензии 30 на 15 метри, игралиште за кошарка и игралиште за одбојка на песок.
До игралиштето и новите трибини изградена е пешачка патека со бехатон елементи и помошни скали . Просторот е ограден со жица и осветлен со рефлектори, со што се овозможува спортување и во вечерните часови. Поставена е и нова водоводна линија и чешма.
Новото повеќенаменско спортско игралиште е проект на општина Охрид вреден околу 730.000 денари. Изведувачи на активностите беа охридските јавни претпријатија.
Во Охрид речиси една година функционира повеќенаменското игралиште во населба Лескајца како и игралиштето за одбојка на песок во населбата Воска- Даљан. Во тек се активностите за изградба на игралиштата во селата,Трпејца и Лескоец а во наредниов период ќе се уредуваат игралиштата во населбите, „Христо Узунов “, “Стобекс“ и“Билјанини извори“. Ново детско игралиште ќе добие и населбата „Даљан“ а постоечкото игралиште ќе добие ново осветлување. Нов привлечен изглед ќе добие и детското игралиште кај мостот „Студенчишта“, а ќе се обнови и спортското игралиште во близина на Територијалната против пожарната единица во Охрид.