Доделени дипломи на Меѓународниот балкански универзитет

На свечена церемонија во Македонскиот народен театар, во присуство на истакнати домашни и странски гости, меѓу кои и државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехапи, свечено беа доделени дипломите на 5-тата генерација дипломирани студенти на Меѓународниот балкански универзитет – Скопје. Во рамките на церемонијата, државниот секретар Шехапи на младите дипломци им посака успешна интернационална кариера и изрази уверување дека тие ќе продолжат да ги негуваат вредностите и добрата меѓусебна соработка меѓу Република Македонија и Република Турција.

Меѓународниот балкански универзитет веќе пет години успешно претставува мост за соработка и размена на знаење, искуства и културни вредности меѓу Република Турција и Република Македонија. Оваа престижна приватна високообразовна институција има соработка со Министерството за култура, која се негува преку заедничко одбележување на многубројни настани од областа на културата и образованието.

Меѓународниот балкански универзитет е основан во 2006-та година од страна на Фондацијата за култура и образование „УСКУП“.

01AA_a_640