Општина Охрид по барање на жителите на ул. „Кузман Капидан“ – Охрид, а заради уредување на дрворедот на истоимената улица, на 9-ти јуни, во 13:00 часот во големата сала на Општина Охрид, организира јавна расправа.
Се покануваат жителите од ул.„Кузман Капидан“- Охрид и сите други заинтересирани граѓани да учествуваат на јавната расправа и да ги изнесат своите ставови и размислувања во врска со уредувањето на оваа улица која е главен приод до Св.Климентовата црква .
Група граѓани, жители на ул.„Кузман Капидан“ до Градоначалникот, Секретарот, Советот на Општина Охрид, Инспекциските служби, како и до Комисијата за преземање на мерки и активности за отстранување на дрва на територијата на Општина Охрид, достави барање за ургентно санирање на дрворедот на горе споменатата улица.
Во барањето се наведува дека дрвата се стари 60-70 години, некои од нив се исушени, деградирани и енормно високи. Истакнуваат дека најголеми проблеми настанале минатата зима по обилните снежни врнежи, при што паднале повеќе гранки и оштетиле дел од покривите и олуците.
Граѓаните предлагаат да се исече целиот дрворед и да се засади нов, а целиот простор хортикултурно да се уреди, како и да се постават клупи и канти за отпад.