Меѓународен ден на невините деца-жртви на агресија

На 19 август 1982 година, на својата вонредна седница на прашањето за Палестина, Генералното собрание на Обединетите нации „поради големиот број на невини палестински и либански деца жртви на акти на агресија од Израел“, одлучи да го одбележува 4 јуни секоја година како Меѓународен ден на невините деца-жртви на агресија (резолуција ES-7/8).

Целта на овој ден е да се воочи претрпената болка од страна на децата низ светот кои се жртви на физичка, ментална и емоционална злоупотреба. Овој ден ја потврдува посветеноста на ОН за заштита на правата на децата.

„Ние треба да се потсетиме на светата должност, содржана во Декларацијата на Обединетите нации за правата на детето, за да се обезбеди дека сите деца, без исклучок, уживаат посебна заштита.“ – истакна поранешниот генерален секретар на ОН, Хавиер Перез де Куелар, во пораката за почитување во 1983 година.

WebOhrid