Ване Бошев од Неготино има само седум години и е најмладиот планинар во Македонија . Тој денес во Агенцијата за млади и спорт се сретна со директорот Марјан Спасески, најавувајќи ги новите планински врвови кои треба да ги освои. Имено, Ване Бошев е член на спортскиот планинарски клуб од Неготино, дете кое на три години го освои Пелистер, на шест Солунска Глава, Сколио како и највисокиот врв на Балканот -Мусала .
Неговата следна дестинација е Словенија и искачување на врвот Триглав (2864), како и Мармолада, Италија (3343), планирани за крајот на јули годинава.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт не го криеше своето задоволство да го угости најмладиот планинар во Македонија искрено посакувајќи да стане новиот Дејановиќ, Кедев и да го развее Македонското знаме на највисоките врвови во светот.