Нови директни авионски линии од Скопје и Охрид до седум европски метрополи со нискобуџетската „Виз ер“. Од скопскиот „Александар Велики“ нови линии до Барселона, Осло, Нинберг, Хамбург и Фридихшафен, а од Охридскиот аеродорм „Св. Апостол Павле“ до Базел и до Лондoн.
Од скопскиот аеродром „Александар Велики“ два пати неделно директно ќе се патува до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен.
До Базел и до Лондон исто така два пати неделно ќе се патува од охридскиот аеродром Св. Апостол Павле.
Шестте евтини авиолинии се резултат на директните владини субвенции. Охрид до Лондон се субвенционира во соработка на општината Охрид и Владата.
„Покрај овие шест линии кои ги субвенционира директно Владата, и седмата која ја работи Владата во соработка со општинската администрација на Охрид, а која се однесува на авиолинијата Охрид- Лондон, предвидува со самиот договор околу 25 илјади патници во рок од три години да слетаат од Лондон на охридскиот аеродром, а само во текот на ова лето околу 2.500 патници ќе слетаат во Охрид, што ќе придонесе за понатамошен пораст на туризмот во земјата“, изјави владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.
Се очекува поголема фрекфенција на патници и повеќе туристи во земјава.
Извор: fakulteti.mk