Светски Ден на животната средина

Светскиот Ден на животната средина е водечкиот/најзначајниот еколошки настан, кој се слави секоја година на 5 јуни во повеќе од 100 земји ширум светот. Воспоставен е во 1972 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации и неговото одбележување му е доделено на Програмата за животна средина на Обединетите Нации (УНЕП). 

За 5 јуни да се воспостави како Ден на животната средина, целта била да се привлече вниманието на општеството, а посебно политиката, за последиците од еколошките промени и да се преземаат определени активности за заштита на животната средина. Во суштина, се одбележува во многу градови, училишта и асоцијации, вообичаено се организираат пригодни предавања, семинари, улични манифестации и сл.

Светскиот Ден на животната средина исто така треба да претставува и „интелектуален настан”, кој ќе обезбедува можности за семинари, работилници и симпозиуми за заштита на еколошкото здравје на нашата планета во корист на идните генерации. Медиумите имаат клучна улога, бидејќи настанот инспирира илјадници новинари од целиот свет да известуваат за животната средина.