САД и додели опрема на Царинската Управа вредна 145 илјади американски долари

Денес, Програмата EXBS на Амбасадата на САД во Република Македонија свечено ја врачи донацијата на опрема наменета за спречување на незаконско тргување со стоки на Царинската управа и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Опремата која денес ѝ беше донирана на Царинската управа се состои од рачен рентген скенер од најнова генерација, вреден 50 илјади долари, потоа фиберскопи, бастери, детектори за радијацијаи друго.

На свеченоста по повод примопредавањето, која се одржа на граничниот премин Блаце присуствуваа директорката на Царинската управа, г-ѓа Наташа Радеска Крстевска, помошник директорот на Секторот за гранични работи и миграции, г-дин Маринко Кочовски и Заменик шефот на мисијата на САД, Бартон Путни и други претставници на Царинската управа, МВР и амбасадата на САД.

Директорката Радеска Крстевска изрази благодарност до Владата на Соединетите Американски Држави за одличната соработка и за силната поддршка која САД ја даваат на Македонија за нејзин развој, за реформите што државата ги прави за унапредување на можностите во сите општествени сфери и посветеноста за унапредување на стандардите и исполнување на државните стратешки цели. Таа додаде дека инвестициите во софистицирана и модерна опрема се од примарно значење како за засилување на оперативните и институционалните капацитети на царинската служба и достигнување повисоко ниво на квалитет и ефикаснo работење во спречување и откривање на недозволената трговија со стока, така и за унапредување на истражните и разузнавачките делувања и поуспешно спроведување на законите.

Во изминативе десетина години преку Програмата EXBS, Aмбасадата на САД на Царинската управа ѝ има обезбедено оперативна опрема вредна 1,8 милиони долари, како и обуки што претставуваат поддршка за севкупното царинско работење, подршка која значи многу во исполнувањето на обврските и залагањата за заштита на општеството и олесување на меѓународната трговија.

132675727 132675730 132675739