Вандали ги уништуваат градините што ги создаваат децата

Непознати сторители, континуирано ги уништуваат градините кои во објектите на ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ ги создаваат дечињата на возраст од 2 до 6 години. Овие активности се дел од проектот „Градини во детските градинки“, преку кој најмладите се запознаваат со растенијата, учат како се засадуваат, одгледуваат и заштитуваат.

Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ се прашуваат дали е возможно да има луѓе кои можат вандалски и неодговорно да го уништуваат она што грижливо го правеле дечињата. Воедно апелираат за поголемо вклучување на сите повикани чинители кои ќе придонесат за подигнување на јавната свест и справување со вандалите.

Unistena_gradinka_dvor_404